22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаВојната во Украина за Ѓорге Иванов е „кризата во Украина“ и „конфликтот...

Војната во Украина за Ѓорге Иванов е „кризата во Украина“ и „конфликтот во Украина“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Екс претседателот Ѓорге Иванов се обрати на панелот на тема „Ревитализација на мултилатерализмот: ОН и подалеку“. Тој зборуваше за Обединетите нации, како и за последиците од војната во Украина. Во текот на неговото излагање, според објавата, Иванов инвазијата во Украина од Русија ја наречува „кризата во Украина“ и „конфликтот во Украина“
Во своето излагање, Претседателот Иванов нагласи дека кризата во Украина ја враќа повторно на сцена дебатата за ОН и Советот за безбедност и нивната поставеност во 21-виот век. Потсети дека денешните ОН се резултат на состојбата после II Светска војна кога победниците биле мудри и храбри луѓе и го започнале тој проект соодветен за тоа време и тие услови. Сепак, во денешно време тој проект ја губи својата моќ да воспоставува мир.

<

Истакна дека можни се три модели на функционирање на ОН, прво, да останат како што се, второ, да излезат од воспоставениот модел и да се реформираат, и, трето, да ги користат придобивките од технолошкиот развој и дигитализацијата како начин за носење одлуки. Според претседателот Иванов, ако системот на ОН остане во статус-кво состојба, после конфликтот во Украина, знаејќи ја позицијата на Русија, нѐ очекуваат долги и тешки преговори користејќи ги сите досегашни дипломатски механизми и искуства.

Ако се замени моделот на носење одлуки, да се напушти сегашниот и се замени со нов, современ, постои можност за нивно подобро функционирање. Третиот модел, пак, според претседателот Иванов е да се користат сите дострели и технолошки достигнувања за носење дипломатски решенија, дигитална дипломатија“, објавија на неговата фејсбук страница.

„Нагласи дека ОН се човечка креација и тие, како и секој организам, кога ќе остарат се соочуваат со немоќ, тромавост, помала ефикасност. Потенцираше дека ОН се најефикасни во кризни ситуации, но, за да се покаже нивната ефикасност, Генералниот секретар на ОН, заедно со Претседателот на Генералното собрание на ОН, мораше, уште истиот ден кога започна конфликтот, да бидат во Киев, а следниот ден во Москва. На крајот на дискусијата, претседателот Иванов им се обрати на присутните со пораката, дека живееме во време на голема неизвесност и дека нѐ очекуваат големи предизвици. Но, човештвото секогаш наоѓа решение во кризни ситуации, и да се надеваме дека и сега ќе најдеме решенија кои ќе бидат од корист за сите, не само за одредени земји.

Светот станува сѐ покомплексен и посложен, но и сѐ повеќе меѓусебно зависен, па затоа, помагајќи си себе си, им помагаме на сите“, додаваат во објавата.

За време на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателот Иванов оствари повеќе кратки средби со учесници на форумот. Учесници на форумот се актуелни и поранешни шефови на држави и влади, министри, дипломати, бизнис лидери, академици, експерти и претставници на младите и медиумите.

Дипломатскиот форумот во Анталија е собир на високо ниво на професионалци кои се занимаваат со дипломатија како што се државници, политички лидери, дипломати, креатори на мислење или академици и претставува одлична платформа за регионалните и глобалните актери од сферата на дипломатијата, политиката и бизнисот за размена на идеи и справување со меѓународните предизвици. Дипломатијата останува основниот метод на комуникација меѓу лидерите и државите. Има цела група други структурни и системски промени на меѓународната политичка сцена на кои треба да одговори дипломатската професија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...