22 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаОд полноќ дизелот поефтинува за цели ТРИ денари .

Од полноќ дизелот поефтинува за цели ТРИ денари .

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50% во однос на одлуката од 14.03.2022 година.

<

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 денари/литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,615 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,299 ден/кг.

Од 16.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 59 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај дизелот за 4,255%, кај екстра лесното масло за 4,169% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 2,999%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период е понизок за 0,111%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...