3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаСветСенатот на САД вчера едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир...

Сенатот на САД вчера едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник.

Сенатот на САД едногласно донесе резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник.
Длабоко поделениот Конгрес на САД покажа единство во случајот на Владимир Путин и едногласно ја поддржа резолуцијата со која рускиот претседател се осудува како воен злосторник. Освен тоа, резолуцијата ги осудува и Руската Федрација, Рускиот совет за безбедност, членовите на руската армија и други лица за флагрантни акти на агресија и други ѕверства кои одат до ниво на воени злосторства.

Со резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете партии, се охрабрува Меѓународниот кривичен суд во Хаг и другите нации да ја таргетираат руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина.

Сите ние овде, демократи и републиканци, се здруживме за да порачаме дека Владимир Путин не може да избега од одговорност за злосторствата сторени над украинскиот народ“, рече лидерот на демократското мнозинство, Чак Шумер.
Русија ја нарекува инвазијата во Украина „специјална воена операција“ за демилиатризација и „денацификација“ на Украина. Путин ја нарече Украина и земја колонија на САД со марионетски режим и без традиција на независна државност.
Извор:DW

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...