16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаТаткото на Боки13 имал легални пари: Одгледувал јаболка во Ресен !!

Таткото на Боки13 имал легални пари: Одгледувал јаболка во Ресен !!

На денешните завршни зборови за случајот “Меѓународен сојуз”, обвинителот Трајче Пеливанов истакна дека обвинетите Бојан Јовановски и неговиот татко, Миле Јовановски, немале легални приходи.
Адвокатот Сашко Дукоски пак истакна дека тоа не е точно, и дека во текот на судењето докажале потекло на имот.

-Докажавме потекло на имот. Јовановски можеби во тој момент не работел, но претходно работел 30 години. Тој продал и два стана и дуќан, а каде е пропишано дека парите морал веднаш да ги потроши?, истакна адвокатот.

Тој истана и дека сите заборавиле дека докажале и дека Јовановски и неговото семејство имале имот во Ресенско, каде што одгледувале јаболка.

-Миле се занимавал и со одгледување на јаболка. Продавал низ пазарите во Македонија, но и во Србија, истакна Дукоски, кој додаде дека обвинителството неточно тврдело дека немал легални приходи.

Претходно пак обвинителот Пеливанов истакна дека Боки 13 парите од бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, наменети за дом за стари лица, ги потрошил за свои лични потреби. Парите, според обвинителот, Боки 13 ги искористил за купување на лукзузна облека, стан, финансирање на 1ТВ…

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажеска за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.
Фокус

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...