13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВо струшката болница некој ги пресекол цевките од централниот довод за медицински...

Во струшката болница некој ги пресекол цевките од централниот довод за медицински гас до салата за операции.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Исечени се цевките од централниот довод на медицински гас до салата за операции во државната Специјализирана болница за нефрологија во Струга. Случајот го пријавил лекар анестезиолог, а полицијата го бара непознатото лице кои цевките ги исекло насилно со тврд предмет. Колкава е штетата и колкав бил можниот ризик по пациентите и вработените засега не е соопштено.

<

Во информацијата во рамки на дневниот билтен на МВР се вели дека вчера утрото лекар анестезиолог од Специјализирана болница за нефрологија во Струга, пријавил дека поладнето претходниот ден „непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата и потоа го напуштил местото на настанот“.

Од МВР велат дека бил извршен увид од увидна екипа на Полициската станица Струга и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во информацијагта се вели дека сторителот е засега непознат.
Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...