21.1 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПетровска: Ако имаме можност повторно ќе испратиме воена помош за Украина

Петровска: Ако имаме можност повторно ќе испратиме воена помош за Украина

Северна Македонија засега нема донесено нова одлука да испрати воена помош за Украина, иако неодамна во рамки на Министерскиот состанок на министри за одбрана што се одржал минатата недела во Брисел до земјите била доставена листа на потребна опрема. Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека во консултации со ГШ на Армијата ако има можност да се излезе во пресрет на дел од потребите тоа ќе биде направено, а јавноста ќе биде информирана.

–Минатата недела се одржа Министерски состанок на министри за одбрана во Брисел. Меѓудугото, имаше и сесија посветена на Украина, како центар на случувањата во овој подолг временски период. Беше поделена поголема листа на опрема која и е неопходна, а која заради сензитивноста е класифицирана. Во консултација со ГШ на АРМ доколку има простор и можност да се одговори позитивно на дел од тие побарувања, апсолутно ќе биде предложена до Владата повторно таква одлукаа, а за тоа ќе бидат известени медиумите и јавоста. Сега засега ја согледуваме нивната листа на побарувања, рече министерката во одговор на новинарско прашање.

Во врска со тоа дали Северна Македонија може да добие воена опрема од членките на Алијансата како некаква компензација за опремата што и ја даде на Украина, каков што е случаот со некои други земји, Петровска вели дека таква директна помош не добиле, но оти е голема финансиската поддршка што ја добива земјава.

-Еден од постулатите на кои фунционира НАТО Алијансата е грижата на сојузниците едни за други. Неодамна пред неколку недели јавно соопштивме, МО и Амбасадата на САД во земјава, дека за оваа година, до овој момент на РСМ и е доделена финансиска помош од 78 милиони долари. Ова е поприлично голема сума финансиски средства споредено со сета помош што претходно ја имаме добиено, рече Петровска по Годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026).

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...