17.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаЈане Ченто: Двојни аршини/селективна правда – Нас 15 години затвор, шарените што...

Јане Ченто: Двојни аршини/селективна правда – Нас 15 години затвор, шарените што ја запалија пола држава условна казна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фејсбук страната “Слобода за Јане Ченто” реагира за условната пресуда за учесниците во Шарената револуција, Савевски и Куновски.
“Какви двојни аршини се спроведуваат и каква селeктивна правда има може да видите од овој случај на шарената револуција која ЈА ЗАПАЛИ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА.Во членот 313 за кои сме осудени над 15 години затвор пишува….
”Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, ПОЖАР….ПОВТОРУВАМ ПОЖАР… ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години.”
Шарената револуција ја ЗАПАЛИ ЦЕЛА ДРЖАВА, граѓаните не можеа да излезат по улиците, имаше АКТИ НА НАСИЛСТВО каде беа повредни повеќе од 200 полицајци и недолжни граѓани.
Морам да повторам за да сфати народот,ако се сеќавате имаше СЕКОЈДНЕВНО НАСИЛСТВА а кулминација беше тоа што ЈА ЗАПАЛИЈА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА, над таа канцеларија има станови, луѓе кои што живеат во тие згради КАДЕ ШТО ОВИЕ кои беа ОРГАНИЗИРАНИ ЈА ЗАПАЛИЈА КАНЦЕЛАРИЈАТА А СО ТОА И ЗГРАДАТА ВО СТРОГ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ.
ОЧИГЛЕДНО БЕШЕ ДЕКА СЕ ДОБРО ОРГАНИЗИРАНИ, го малтретираа народот со МЕСЕЦИ, ја запалија Македонија и на крај условни КАЗНИ, а за некои нема ниту обвинение. Што беше целта :

<

Тоа што СДСМ преку нас што ќе не осуди на драконски казни сакаше да го скрши македонскиот народ и во тоа успеа, за жал.

Името беше главна цел и помина како што сите знаете, со притисоци и уцени се изгласаа уставните измени.

Апелирам до идната македонска влада, особено во делот на МВР каде имаше операција “ОБЛАК” да го отвори процесот за Шарената Револуција, како се пуштани пари од странство на чии имиња, за чии цели, која беше намерата и целта (која денес ја знаеме), кои се инволвирани во една таква операција за рушење на легално избрана власт, сите учесници од СДСМ кои земале пари и беа добро ОРГАНИЗИРАНИ треба да одговараат за тоа што се случи.

Таму имаше доста излажани луѓе кои денес гледаме се каат што учествувале во таа шарена револуција, луѓе кои биле со искрени и чесни намера за ПРАВДА.На нив треба да им се прости, ама не и на тие што ја водеа таа операција за рушење на легитимино избрана влада.Тие еден ден мора да одговараат за тоа што го направија и што уште и го прават на Македонија. – пишува на Фејсбук страната Слобода за Јане Ченто.

Линк до Фејсбук статусот: https://www.facebook.com/photo/?fbid=372563604874837&set=a.124759699655230

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен

Кога локалната самоуправа работи со Владата како партнер тогаш резултатите не изостануваат. Овие проекти покажуваат дека Гевгелија е дел од приказната на новото време...

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...