1.9 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаОриѓански: Македонија и Албанија одат заеднички пат, но мора подобрро да се...

Ориѓански: Македонија и Албанија одат заеднички пат, но мора подобрро да се знаеме и помагаме

spot_img

„Долго време, релациите меѓу Македонија и Албанија беа некако замрзнати и оптоварени со предрасуди, наследени од југословенско-албанските времиња. Денес имаме нов момент. Двете земји чекорат по заеднички пат, двете земји се членки на НАТО и чекаат пред вратите на Европа.

<

Ние мора да се запознаеме и да си помогнеме. Овој процес бара време и работа. Полека, но сигурно, започнавме вистински да соработуваме“ рече Златко Ориѓански директор на Културно-информативен центар на Македонија во Тирана во интервју за „Фронтлајн“.

Тој додаде дека неговата работа во Тирана е дипломатска и дека всушност гради своевиден културолошки мост, чиј резултати допрва ќе се осветлат и видат.

„Секое отворање едни спрема други носи добро за луѓето во секоја смисла, вклучително и во културна. На тој начин се запознаваме, гледаме дека ние, сами по себе, ја содржиме Европа и нејзините вредности, патем, даваме и една боја која е непозната и нова. Пред десет години, беше незамисливо дека дел од балканските граници ќе ги поминуваме со лични карти или дека ќе имаме заедничко гранично управување“ рече Ориѓански.

Тој изјави дека отворањето на земјите ќе овозможи побрзо пренесување на производите, запознавање на менталитетот, вкусовите, музиката, сликарството, театрите, литературата, спортот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...

100 дена отчет за работењето на ЈПКД-ДЕБРЦА- 03.09.2024 – 31.12.2024

100 ДЕНА ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЈПКД-ДЕБРЦА 03.09.2024 - 31.12.2024 Во период од 100 дена по превземањето на Јавното Претпријатие за комунална дејност Дебрца на...

Димитриевски ја покажа лузната од 27-ми април: Вистинските виновници не се изведени пред правдата

Максим Димитриевски коментирајќи ја одлуката на Кривичен суд за уважената амнестија за организаторите на 27-ми април, во студиото на ТВ21 ја покажа лузнат од...