27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаСветПтичји грип во Албанија, во Драч угинати најмалку 100.000 кокошки

Птичји грип во Албанија, во Драч угинати најмалку 100.000 кокошки

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најмалку сто илјади кокошки се угинати во живинарски фарми во подрачјето на албанскиот пристаништен град Драч, како последица на птичји грип, јави дописничката на МИА од Тирана.

<

Угинување на живината се појавило пред две недели, но Министерството за земјоделство постоењето на птичјиот грип – H5N8 го потврди вчера доцна попладне, по обвинувањата на Здруженето за заштита на потрошувачите и локални производители дека се продава живина без никакво ограничување, иако појавата е на големо присутна.

– Од Министерството велат дека мострите се анализирани од 7 март кога биле информирани дека има угината живина, но дури вчера попладне соопшти дека станува збор за птичји грип. Во овој период не биле известе ни здравствените власти кои треба да вршат епидемиолошки надзор како во секој случај за заразни болести, кршејќи ги протоколите, пренесуваат албанските медиуми.

Дополнителен скандал, според медиумите, е фактот што угинатата живина сè уште не е закопана според стандардите, туку таа е оставена во дворовите на фармите, што се гледа и од фотографијата што ја објави АБЦ њуз.

– Министерството за земјоделство се чини дека сè уште има проблем да ја држи ситуацијата под контрола. Вирусот го пренесуваат дивите птици, а неодамна беше откриен во две соседни земји, во Македонија и Грција. Министерството за земјоделство со големо задоцнување бара локалните власти да не дозволат продажба на жива живина на пазарите, наведува Топ чанел.

Здружението за заштита на потрошувачите и локалните производители наведува дека со денови предупредувало на постоење на болест кај живината во Драч и оти најверојатно станува збор за птичји грип, но институциите не реагирале навремено.

– Јавно го повикуваме министерот за земјоделство да се огради од неодговорното однесување на двете најповикани институции, Институтот за ветеринарство и Агенцијата за храна кои „со флагрантно кршење на законот дозволуваат повеќе од 20 дена хаотична состојба со тоа што не ја потврдија дијагнозата на време“, наведува Здружението.

Тоа бара истрага и одговорност, а доколку Министерстото тоа не го стори, најави кривична пријава до Специјалното јавно обвинителство, СПАК.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...

Азир Алиу изгласан за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето...

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...