14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата го повлече законот за промена на полот- Мажите не може да...

Владата го повлече законот за промена на полот- Мажите не може да станат жени со изјава на Нотар.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата одлучила да го повлече законот за промена на полот кој веќе е во Собрание, потврдува за ТВ21 првиот вицепремиер Артан Груби.

<

Измените на законот за матична евиденција меѓу другото предвидуваше лице да може да го промени својот пол само со изјава на нотар и требаше утре да се најде пред пратениците на Комисијата за политички систем.

Ваквото законско решение е неприфатлив за опозицијата, но и за владејачката Алтернатива.

Промена на полот само со изјава на нотар е параван за истополови бракови, изјави пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи.

Во Законот за матична евиденција, Владата предлагаше да се додаде одредба со која се прецизира дефиницијата на родовиот идентитет:

„Родов идентитет“ претставува внатрешно и индивидуално доживување за род на секое лице, кое може или не кореспондира со полот кој што е одреден со раѓање, вклучително личното чувство за телото и други манифестации на родот, како што се: име, облека, говор и манири.”

Предложените одредби треба да ја олеснат постапката со тоа што таа се сведува на декларирање од страна на личноста и заверување на изјава на нотар.

“Копија од лична карта на барателот за правно признавање на родот, изјава од барателот за правно признавање на родот заверена од нотар во форма на нотарски акт дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање“, се вели во предложените измени на законот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...