23.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаЗабаваТесла ќе се прави и во Германија: Илон Маск со танц...

Тесла ќе се прави и во Германија: Илон Маск со танц ја отвори својата прва гигафабрика во Берлин.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бизнисменот Илон Маск вчера танц ја отвори својата прва гигафабрика во Берлин со која планира да продава автомобили „Тесла“ во Европа. Фабриката од пет милијарди евра, која меѓудругото е најголемата инвестиција во германска фабрика за автомобили во поновата историја, доцнеше осум месеци со отворање поради лиценци и скандали со вода, екологија и сечење дрвjа.

<

Директорот на „Tесла“, Маск, танцуваше (шизеше) за време на најавата за испорака на првите автомобили на „Тесла“ со германско производство за 30 клиенти и нивните семејства во фабриката на прозводителот на автомобилот, па веднаш се најде во фокусот на вниманието на светските медиуми.

„Ова е прекрасен ден за „Tесла““, изјави Маск. Тој рече дека ова е „уште еден чекор во насоката за одржлива иднина“, пренесува Ројтерс.

Ова не е првпат Маск да ги покаже своите танцови способности, тој слично постапи и при отворањето на

фабриката во Шангај во 2020 година, каде што покажал и некои од своите танцови способности.

Инаку, во полн капацитет фабриката би требала да произведува по 500.000 автомобили годишно, значително повеќе од „Фолсваген“ кој лани ширум светот продаде 450.000 електрични возила на батерија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...