10.9 C
Ohrid
среда, ноември 27, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарија ќе нѐ снабдува со природен гас како алтернатива на рускиот

Бугарија ќе нѐ снабдува со природен гас како алтернатива на рускиот

Министерот за економија Крешник Бектеши утрово разговарал со гувернерката на Народната банка за плаќањата на рускиот гас, кои од денес Русија бара да бидат во рубли. Кај нас, министерот Бектеши вели дека не може да се направат такви трансакции.

„Имав прилика утрово да разговарам со гувернерката. Немаме уште насока од Европската централна банка имајќи предвид дека во курсната листа на Северна Македонија и Народната банка не е рублата како валута, што значи не може да се направат такви трансакции“, рече министерот Бектеши н денешниот отчет за преземените мерки за ублажување на енергетската криза.

До 15 април, кога завршува грејната сезона, снабдувањето со природен гас министерот Бектеши рече дека е осигурано па ваквата одлука за плаќањето не би направила проблем.

Одлуките што следат, министерот Бектеши вели дека ќе зависат од заедничките одлуки на НАТО и Европската Унија.

„Ние сме членка на НАТО. Секоја одлука што ќе ја носат членките на НАТО заеднички, ние ќе ја почитуваме. Секако дека се прилагодуваме и на санкциите на Европска Унија, имајќи предвид дека сакаме целосно да се интегрираме во Европската Унија. На таков начин, со одредени механизми и нивни и наши сопствени како држава, мислам дека нема да има толку големо влијание имајќи предвид дека ќе најдеме алтернативи, за што сум убеден. Тоа веќе се работи. Таков е новиот интерконектор со Република Грција, нашето директно учество во терминалот во Александропулос, секако и нов интерконектор со Република Бугарија, а Република Бугарија е членка на Европската Унија. Нашиот гасовод е со нив и во случај ако се донесе таква одлука сите други алтернативи ресурси на природен гас со кои ќе се снабдува република Бугарија ќе можеме и ние да ги користиме поради тоа што резервацијата на Гаспром за нашиот гасовод не би требало да важи како што донесе Европската Унија да не важи за Грција меѓу Република Бугарија. Тоа е наше барање директно кон Европската Унија и секако дека таква одлука треба да се донесе’, рече министерот Бектеши.

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера потпиша указ според кој странските купувачи на руски гас од денес мора да плаќаат во рубли. Путин предупреди дека договорите ќе бидат раскинати доколку другите земји не го платат рускиот гас во рубли. Одлуката ја донел за зајакнување на рускиот суверенитет.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Четврток ќе биде прогласен ден на жалост на територијата на Општина Охрид, поради смртта на Митрополитот Дебарско-Кичевски г. Тимотеј.

О Д Л У К А ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ ДЕН НА ЖАЛОСТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД На 49. Седница на Советот на Општина Охрид едногласно...

Државата му исплати 50 илјади евра на Ален Зекиров поради 27 април

Ален Зекиров, некогашниот телохранител на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков го доби судскиот спор против Министерството за внатрешни работи за неговиот отказ, пишува Призма. Граѓанскиот...

80 годишен Битолчанец неколку пати се самозадоволувал на неговата тераса пред очите на комшивката !!!!

На 26.11.2024 во 11.20 часот во СВР Битола, 42 – годишна жена од битолско село пријавила дека нејзин сосед на возраст од околу 80...

Поставeни 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија.

Поставивме 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија. Проектот започна минатата година со поставување на 74 информативни табли (Фирми)...