7 C
Ohrid
четврток, ноември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаНекогаш живеел во Америка среќно, а сега живее под кајче во Охрид...

Некогаш живеел во Америка среќно, а сега живее под кајче во Охрид како бездомник..

Чамец сместен во населбата Лагадин на самиот брег на Охридското езеро веќе подолго време му е дом на повозрасен граѓанин. Немајќи каде да живее, тој засолниште од студот и дождот нашол под овој чамец. Поради здравствени проблеми и скршена нога, денеска не можеше да излезе од чамецот. Ни кажа само дека нема храна, лекови и оти вода пие од езерото, јавува колегата Мики Трајковски од Тв Алсат.

„Немам пари, ги изгубив сите документи. Скршена ми е ногата“, вели бездомникот.

-Во зима овде ли живееш под чамецот?

„Овде да“.

-Со храна како се снаоѓаш?

„Ми донесе еден човек за јадење, но ми треба вода. Наполни ми вода од езерото“…

-Значи вода пиеш од езерото?


„Да, од езерото вода. Кој ќе ми донеси јадам. Немам пари, само два денари имам“…

-Дојде ли вчера брза помош?

„Да, ми помогнаа, но треба да ги чекам да ми дадат апчиња….“

Овој човек ни рече дека имал работено во Америка, но оти останал без сите документи, а како бездомник живеел со години.

„Јас ништо не работам сега. Ги имам изгубено картите. Ми треба едно ќебе едно одоздола едно одгоре. Овде е убаво. Не врне….“, вели бездомникот.

Од Брзата помош во Охрид за Алсат рекоа дека вчера доцна попладне примиле повик за човек кој живее под кајче и на кого му е потребна итна помош. Нивна екипа веднаш интервенирала, по што констатирале дека човекот е со повреден скочен зглоб на левата нога. Откако му направиле преврска и му дале соодветна терапија, се обиделе да го транспортираат во болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, но тој тоа го одбил, по што пријавиле и во полиција. Според наша проценка, станува збор за лице на возраст помеѓу 75 и 80 години. Граѓани случајот го пријавиле и во Центарот за социјални работи и Центарот за управување со кризи.

Мики Трајковски Алсат. Тв

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...