Американскиот милијардер и регистриран сексуален напаѓач Џефри Епстајн е уапсен поради обвинение за трговија со деца поради пружање на сексуални услуги.
Милијардерот е притворен поради дела изврешни во 2002 и 2005 година, а уапсен е во саботата на аеродромот во Њујорк кога се враќал од Париз, пренесува Ен-Би-Си њуз.
Епстајн е веќе осуден поради сексуално злоупотребување, а со судот склопил договор за признавање на вина и наместо доживотна затворска казна, казнет е со 13 м,есеци затвор, за потоа да исплати пари за своите жртви и да влезе во регистерот на сексуални напаѓачи.
Неименуван полициски службеник навел дека Епстајн се сомничи дека децата ги плаќал за наводна масажа. а сушност сексуално ги искористувал.
Потоа, барал од тие малолетни лица да ги доведат своите пријатели, кои исто така, плаќале за сексуални услуги.
Некои од жртвите на милијардерот, а се проценува дека имало најмалку 40, биле помлади од 14 години, а недозволените работи се случувале во неговите куќи во Њујорк и Флорида.
Епстајн, како што пренесува агенцијата АП, бил пријател со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, британскиот принц Ендрју и американскиот претседател Доналд Трамп.