21.7 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаKoвачевски: Ќе мора да го отвориме уставот и да направиме промени после...

Koвачевски: Ќе мора да го отвориме уставот и да направиме промени после пописот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ние сме држава во Европа која што на највисок пиедестал ги има искачено правата на помалите заедници, на сите заедници во државата. За тоа потврда е дека сме држава која што има Министерство за политички систем за права на заедниците, имаме Агенција за јазици, итн, сите оние институции кои обезбедуваат рамноправност и застапеност на сите граѓани без разлика на тоа на кој кој јазик зборуваат и од кое етничко потекло се- нагласи премиерот. Во однос на Уставот, да, има такви најави нормално. Уставот се менува со уставна процедура, значи Собранието да отвори дискусија, најпрвин на политичките партии, а потоа се вклучуваат и експерти, рече премиерот Димитар Ковачевски.

<

Се она што ќе значи унапредување на односите помеѓу сите граѓани, на животот, на државата, како основа за личен и професионален развој на секој граѓанин без разлика на неговото потекло и јазикот кој што го зборува, нормално дека ќе биде добра основа за какви било промени на Уставот, дополни премиерот.

Истакна и дека со членството во ЕУ сите граѓани ќе бидат еднакви и оти треба да се носат одлуки за остварување на таа цел.

-Она што е цел на секоја држава која сака да биде целосно вклучена во евроинтеграциите, а ние како држава особено како политичари и претставници на политички партии што тоа го имат зацртано во своите прорамски определби, и тоа пред се, тука мислам на коалициските партнери што ја сочинуваат оваа Влада, јасно знаеме дека еден ден кога ќе станеме членка на ЕУ, а тој ден ќе биде сигурно доколку се залагаме сите заедно, тогаш сите граѓани ќе бидат еднакви граѓани и на државата – Република Северна Македонија и на Европската унија. Тоа е всушност целта којашто треба да ја оствариме, тоа се одлуките што треба да и носиме, рече Ковачевски.

Ние, дополни, сме држава којашто донела тешки и големи одлуки, особено во мандатот на оваа и во мандатот на претходната Влада. Благодарание на тие одлуки сме членка на НАТО, имаме исклучително добри односи со сите соседни држави, имаме односи во државата кои се на највиско ниво помеѓу сите грашани, се наоѓаме на чекор до отворање на преговорите со ЕУ, што секако не зависи само од нас, туку од предизвиците и од нивното решавање што ги имаме со Република Бугарија и нормално од ставот на сите земји членки на ЕУ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...