2.7 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаЗабаваБоки 13 тагува по мајка си: Не плачи мајко што сум далеку...

Боки 13 тагува по мајка си: Не плачи мајко што сум далеку и сам

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 на својот профил на Инстаграм сподели фотографии со мајка си и пријателите од дочекот на Нова 2021-ва година, кога беше пуштен во куќен притвор.

Тој беше прогласен за виновен во случајот „Рекет“ и доби казна затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.

Така од затвор, напиша емотивно обраќање до неговата најголема поддршка, неговата мајка, а како што и пишува во објавата, објавена е од администраторот на профилот.

„За мојата МАЈКА
Постојат ли зборови, постои ли опис, постои ли мисла, постои ли стих, постои ли песна што може нас да не опише, мене и тебе… Постои ли клетва за оние што ни го направија ова ЗЛО, постои ли утеха, постои ли начин да се избришат мајчините солзи кои се единствените искрени и многу болни, постои ли гума со која може да се избрише тортурата и оние моменти кога не ни дозволуваа да се видиме и да се гушнеме додека лежев во болница кога ме држеа во притвор по секоја цена, постои ли начин да ги заборавам листовите хартија натопени со моите солзи на кои ти ги пишував писмата од притвор бидејки тоа ни беше единствената комуникација, а кога ќе добиев повратно писмо со твојот краснопис го бакнував милион пати и со него заспивав… постои ли казна на овој свет за сите оние бездушници кои ни глумеа пријатели и роднини додека имаа само гола корист па потоа ја покажаа својата бедотија и постои ли награда и збор за благодарност за оние кои што беа покрај нас и покажаа човечност и големина, и на крајот постои ли заборав за сите злодела и неправди кои ни ги нанесоа… Постои ли поголема среќа од онаа кога ме дочека дома кога се “смилуваа” и ме пуштија во куќен притвор… НЕ ПОСТОИ !!!
ПОСТОИ САМО НАДЕЖ, ВЕРБА И ЉУБОВ
Надеж дека правдата ќе дојде и дека ова се , еден ден ќе биде минато…
Јасминке моја најмила, ти ме познаваш најдобро, знаеш дека никому не сум му направил ништо лошо, исто така знаеш колку многу ме имаат повредувано, понижувано, навредувано, дискриминирано и знаеш дека сум издржувал се, а сум издржал се возможно и невозможно поради твојата љубов и поддршка, мојата единствена и вистинска животна среќа е што ти си моја мајка
Овие фотографии се од дочек на Нова 2021 кога бев во куќен притвор, бевме јас, ти, кучињата и неколку наши драги и искрени пријатели, Миле не беше со нас…(а за тоа во друга прилика во засебен текст) нема лажен сјај на сликиве, нема филтри и фотошоп, има само љубов
Ќе завршам со стихови од песна на Пепи Бафтировски
Ти не плачи мајко, што сум далеку и сам…
Ќе препливам води, назад ќе се вратам пак, во градите едра распнувам за пат, огнови високи сам ќе изодам
Ако згрешам, нека изгорам!“
*Објавено од администратор на профилот

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра.

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра. Станува збор за „дело“ на италијанскиот уметник Салваторе Гарау наречено „Јас сум“, што...

Бананата залепена за ѕид со леплива лента продадена за 6,2 милиони долари

Банана залепена со леплива лента за ѕид, провокативно уметничко дело на Маурицио Кателан, достигна цена од 6,2 милиони долари на аукција на „Сотби“ во...

Семејството моли за помош: Веќе петти ден го нема младиот Виктор.

На 19.11.2024 од својот дом се одалечува Виктор Николиќ. Од тогаш му се губи секоја трага,се замолуваат сите ако го имаат видено или ако имаат...