15.4 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаУкраинците во Македонија бараат медиумите да забранат коментари за војната

Украинците во Македонија бараат медиумите да забранат коментари за војната

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со цел намалување на руската пропаганда и ширење дезинформации за војната во Украина во земјава, Здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“ побара од медиумите во најкраток рок да ја укинат можноста за пишување коментари под онлајн публикациите на интернет-страниците и на социјалните мрежи кои имаат чувствителна содржина во однос на воените дејствија во Украина.

<

Ова барање, кое до медиумите преку писмено соопштение го испрати Здружението на Украинци во Македонија е насочено, како што велат оттаму, кон спречување на говорот на омраза и ширењето дезинформации во врска со руската воена инвазија во Украина.

Оттаму додаваат дека разгорувањето на проруското расположение ѝ нанесува огромна штета на Македонија и е насочено кон дестабилизација на земјата и Балканот и уривање на угледот на државните институции и медиумите.

„Нам ни е позната праксата на многу европски земји во врска со спречување на говорот на омраза, и како една од мерките е исклучувањето на коментарите под публикации на медиумите, а со тоа се намалува и ширењето пропаганда“, посочуваат оттаму.

Како што додаваат во соопштението, со оглед на постоење соодветни закони (одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик) и земајќи предвид дека Владата најави соработка со сојузниците ЕУ и НАТО и реши да да се спротивстави на дезинформациите, заштитувајќи ги граѓаните од штетите што ги предизвикуваат овие појави, од Здружението сметаат дека е потребно воведување мерки насочени за сузбивање на бранот на лажни информации и говорот на омраза во врска со воената агресија на Русија врз Украина.

„Иако Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи најавија дека ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело, се појавија и ставовите на македонските правници за неможност да се примени горепосочениот закон сè додека нема правосилно решение од Меѓународниот суд за признавање на некое дело за воено злосторство или геноцид. Поради тоа, како и поради отсуство на киберполиција во земјава, бараме начин да се справиме со енормниот број коментари кои служат за покренување говор на омраза и поттикнување и оправдување насилство врз Украина во македонската јавност“, се наведува во соопштението на Здружението на Украинците во земјава.
Јавува:Нетапрес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Австрија победи на Евровизискиот натпревар за песна 2025 во Базел, Швајцарија

Австрија победи на Евровизискиот натпревар за песна 2025 во Базел, Швајцарија, во саботата, што е првата победа за земјата по триумфот на Кончита Вурст...

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...