23.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПротест на семејството и блиските на загината Викторија Николова против пресудата за...

Протест на семејството и блиските на загината Викторија Николова против пресудата за сообраќајката кај „Сити Мол”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Членови на семејството на Викторија Николова, младата девојка која во јануари годинава загина во сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, денеска организраа протест пред Кривичниот суд – Скопје против судската одлука во која возачот Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години.

<

Дел од овој протест беа и пријатели и другари на загинатата Викторија, кои носеа транспаренти со пораки преку кои го изразија своето незадоволство од пресудата.

Сестрата на загината Викторија, Лилјана Николова, на денешниот протест читајќи ја пораката упатена до судските власти, рече дека бараат повторно и повторно правда за неправедната пресуда за целата неправда која им била нанесена и се уште им се нанесува.

– Овој протест е уште еден кренат глас до ова судство, до оваа неправдина која не боли до коска и оваа пресуда од судијката Љубинка Бошевска. Како да не сме луѓе, како да не нема. Како да се кријат во нивните удобни фотелји, а трњата ние ги газиме, ние патиме, ние губиме и човек и правдина и надеж. Бараме правдина за нашата сестра, ќерка, девојка, другарка. Бараме нова пресуда со реални очекувања, зошто нема да запреме овде. Доста беше оваа тортура и ова лудило. Слушнете го нашиот глас зошто за вашето непрофесионално работење ќе слушне целиот свет, рече Лилјана Николова.

Правниот застапник на семејството Николови, адвокатот Владимир Михајловиќ, изјави дека на улица се излезени за да се слушне гласот на народот, затоа што нема владеење на правото и затоа што „на местото на Викторија утре може да биде секој од нас“.

– Во законски рамки така поставен обвинителен акт каде што делото се окарактеризирува со умисла, каде што казната е од четири до 20 години, каде што нема ниту еден процент придонес на пешаците по она што е вештачење, по она што е видео-снимки, по она што е прибрано како докази, ние имаме казна под законскиот минимум. Затоа сметаме дека тоа е апсолутна неправда, затоа сметаме дека Апелација треба да ги слушне и гласот на народот и се разбира, да го слушне и види она што се докази во постапката, рече адвокат Михајловиќ.

Воедно, тој додаде дека од Апелацискиот суд очекуваат повисока казна во рамки на Законот и дека никој не бара нешто повеќе.

– Ние бараме правдина. Реална казна и она што следува по Закон без претходно да има лицитација. Нашиот почеток на цела постапка беше во мирен процес, останува во мирен процес затоа што мора да веруваме во правда. Еве ја немаме во првиот дел на постапката, затоа апелираме Апелација реално да ги погледне сите факти, да ги погледне сите околности, да ја види страната на оштетените, а не да стане обвинетиот одеднаш жртва и да пресуди така што истата пресуда ќе биде превенција за следни такви немили настани по улиците на Македонија, изјави Михајловиќ.
Извор: МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Еден полицаец во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му: Тошковски најави голема набавка на нови полициски униформи

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел од униформираните полициски службеници...

24 годишна охриѓанка била пронајдена мртва во казино во Скопје, каде што работела !!!

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината...

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...