2.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаСветСело во Шпанија во знак на солидарност го смени името во Украина

Село во Шпанија во знак на солидарност го смени името во Украина

spot_img

Шпанското село Фуентес да Андалузија го промени своето име во Украина во знак на солидарност со народот на оваа источноевропска земја, која води одбранбена војна на повеќе од 4.000 километри, пренесуваат странските агенции.

Како што е наведено, некои од улиците во мирното населено место, источно од Севиља, со нешто повеќе од 7.000 жители, се преименувани во „Киев“, „Одеса“ и „Мариупол“. На влезот од селото има табла со боите на украинското национално знаме.
„Главната цел е да се подигне свеста за конфликтот во Украина, но и за земјите кои се во војна во моментов“, рече градоначалникот Франциско Мартинез. Тој додаде дека неговите сонародници собрале 3.500 евра за изградба на центар за бегалци.
Селото сака да прими до 25 бегалци или семејства во центарот.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...