21.7 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаврши истрагата за Империја: Замрзнат целиот имот низ Македонија на Сашо Мијалков.

Заврши истрагата за Империја: Замрзнат целиот имот низ Македонија на Сашо Мијалков.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заврши истрагата за случајот „Империја“, отворена од поранешното СЈО, потврдуваат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „Фокус“. Сега до осомничените, меѓу кои се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, ќе бидат доставени решенија за завршена истрага, а тие ќе имаат рок од 15 дена да достават свои докази до Обвинителството.

<

-​Во врска со предметот „Империја“ ве известуваме дека истрагата е завршена, во наредните денови ќе бидат доставени известувањата за нејзино завршување до осомничените и одбраната. Следи законски предвидениот рок од 15 дена во кој одбраната има право да изврши увид во прибраните докази и да предложи свои докази. По завршување на овие процесни дејствија ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, ни одговорија од Обвинителството.

Пред четири дена од Обвинителството информираа дека заплениле имот поврзан со овој случај.

– удел на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје што го поседува во правното лице Хотел Гранд М ДООЕЛ Скопје
– удел на физичко лице од 67,5% што го поседува во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје
– удел – основачки влог од 32,5% што го поседува правното лице – Друштвото за градежништво, трговија и услуги БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје;
– недвижен имот евидентиран на правното лице – Друштво за трговија и услуги БИЗНИС ПРОПЕРТИ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во вредност од 58.282.500,00 денари согласно книговодствената вредност и тоа апартмани со вкупна површина од 720 м2 и гаражи со вкупна површина од 92 м2.
– хартии од вредност (7213 акции) што правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје, ги поседува во Стопанска Банка А.Д. Битола по номинална вредност од 3.000,00 денари по акција или во вкупна вредност од 21.639.000,00 денари и
– недвижниот имот – деловен простор во градба лоциран на Плоштад Македонија и евидентиран во лист за предбележување издаден на носителот на правото на сопственост Друштво за производство, трговија и услуги СИС ИНВЕСТ ГРУП ДООЕЛ Скопје во површина од 566,41 м2 во вредност од 1.699.241 евра.

Како што дознаваме заплената продолжила и во наредните денови, при што е запленет имот за кој обвинителството тврди дека е во сопственост на Мијалков.
Извор:Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...