21.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаНаде Дуклеска: Во 21 век два века затвор – судскиот процес за...

Наде Дуклеска: Во 21 век два века затвор – судскиот процес за „27 април“ е спротивен на Конвенцијата за човекови права

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нарушување на правото на фер судење, експериментирање со начелото за судење во разумен рок, апсурдот со квалификацијата на делото „тероризам“ од политичари уште пред да почне судскиот процес – се само дел од причините кои ја натераа македонката Наде Дуклеска која живее во Шведска да изработи и успешно одбрани магистерски труд посветен на судењето за 27 април. Дуклеска фокусирано ги следела случувањата во Македонија, а нејзините ментори на престижниот Лунд Универзитет во Шведска биле запрепастени од сите нелогичности во судскиот процес, бидејќи во многу наврати била прекршена Европската конвенција за човекови права и слободи, пренесува Алфа.

<

Ќе се осврнам на владеење на правото, односно невладеење на правото, реакцијата на кривично правниот систем по сите индикатори беше под силно влијание од политичките актери. Последица на тоа беше квалификацијата на настаните, која беше дадена од политичари, и не би кажала тероризам туку би потенцирала дека се работи за политичка квалификација. Таквата квалификација побуди интерес кај мене за фокусирано следење на судските постапки – вели Наде Дуклеска.
Според Дуклеска, целиот случај е апсурден па дури е тешко да се доловат сите нелогичности кои укажуваат на политички прогон и високо влијание на политичарите во македонското правосудство.

Кршење на човековите права, погрешна примена на начелото за судење во разумен рок, се експериментирало со начелото, односот кон бранителите, апсурдот со квалификацијата на политичари уште пред да почне судскиот процес, селективната амнестија и целата политичка позадина на законот за амнестија, тоа е веќе неверојатно за 21 век, неверојатно за една држава во Европа, за една држава која има амбиции да стане ЕУ членка – вели Дуклеска.

И коментарот на шведскиот суд е дека осудените од 27 април се политички затвореници. Поради еден од осудените доби и политички азил во оваа земја.

Доказ дека „терористичко загрозување на уставниот поредок“ е погрешна квалификација, според Дуклеска, е и тоа што се експериментирало со квалификување на делото, без докази за непријателски побуди и намери.

Дека е погрешна квалификацијата тероризам покажува во пресудата и во обвинителниот акт, дека некој утврдувал посебна намера или мотив за сторување на кривично дело, не прочитав ниту една аргументација, ниту еден доказ за докажување на непријателски побуди, впрочем тоа е и апсурдно за полициски службеници кои цел живот ја бранеле државата. Апсурдно е и за другите да се кажува за непријалелски побуди – додава Наде.

Наде Дуклеска на темата за 27 април работела цела година, разгледувајќи ги списите од долгометражните рочишта, пресуда од 1.000 страници, како и анализирање на притворски решенија кои биле речиси идентични за сите осудении.

Извор: Алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...