12.9 C
Ohrid
сабота, септември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаЗиков: Многу членови на СОНК се симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ

Зиков: Многу членови на СОНК се симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ

Зиков: Многу членови на СОНК се симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ,
Моето мислење е дека денешната прес-конференцијата на Мицкоски не беше поради преговорите со Бугарија. СОНК денес јави дека го прекинува штрајкот, па некако тоа е пиарски е да се покрие тој дел, затоа што многу членови на Синдикатот се дел од ВМРО-ДПМНЕ и нивни симпатизери и детектирано е по која линија штрајкот идеше. Мицкоски мораше да го покрие тоа со некаква нелогична прес-конференција, вели политичкиот аналитичар Љупчо Зиков за денешната прес-конференција на лидерот на опозицијата за датум за предвремени парламентарни избори.

Зиков вели дека не знае како ќе настапи Мицкоски.
Преостануваат некакви демонстрации, „некои терористички напади или вирус“ да ни пуштат, да не ме сфати сериозно јавноста. На крајот на денот ВМРО-ДПМНЕ не кажува ништо ново со ова. Тие имаат легитимно право на протести. Целта на опозицијата во овој момент не е подобрување на економската и политичката состојба, ниту решавање на спорот со Бугарија, туку само како побрзо да дојдат на власт. Лидерството на ВМРО-ДПМНЕ е под притисок на претходните на партијата кои се осудуваат, смета Зиков во емисијата „Само вистина“.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Преживеа 4 војни: На 111 години почина Џезиде Алиу, најстарата жителка на Косово и веројатно на Балканот

Џезиде Алиу, која со 111 години беше најстарата Косовка, починала во својот дом во Феризај (Урошевац), јавија локалните медиуми. Таа е родена на 5 август...

Стотици верници дојдоа да ја допрат и бакнат иконата на Богородица од Света Гора

Икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот српски манастир Хиландар пристигна во Скопје. Стотици верница дојдоа во црквата посветена на Мајката Божја да ја...

Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално денеска се отвори манифестацијата штипска „Пастрмалијада

Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално денеска се отвори манифестацијата штипска „Пастрмалијада“, а воедно денеска се пушти во употреба и прво шеталиште во...

Љупчо Палевски-Палчо тврди дека е жртва на политичка местенка и дека не е виновен

Љупчо Палевски-Палчо тврди дека е жртва на политичка местенка и дека не е виновен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски....