15.2 C
Ohrid
четврток, септември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Македонија доаѓаат 2.500 британски војници.

Во Македонија доаѓаат 2.500 британски војници.

Од утре па до крајот на мај, Македонија ќе биде домаќин на припадници од седум НАТО-сојузнички армии во рамки на вежбата „Swift response 22“. Како што соопшти британското Министерство за одбрана, 2.500 британски војници ќе учествуваат со 16 воздушно-борбени тимови и еден борбен тим на воздухопловната бригада.

Министерот за одбрана Бен Волас вели дека покрај Македонија, Лондон испраќа трупи и на воени вежби во Полска, Латвија и Финска, што е најголемо распоредување на британската војска во странство после Студената војна.

Првите луѓе на армијата истакнаа дека обемот на распоредување ќе ја одврати „агресијата“ во размери што не се видени во Европа овој век.

Обединетото Кралство дава значаен придонес во одбраната на Европа и спречувањето на руската агресија. Серијата вежби на британската армија е фундаментална и за двете. Продолжуваме да се распоредуваме низ Европа, од Балтикот до Егејот, вели гнерал-полковник Ралф Вудис.

Од Генералштабот на АРМ информираа дека течат подготвителните активности, а најголемиот дел од нив ќе се одвиваат на Криволак и на Стенковец кај Скопје.

Ова е досега најголема мултинационална вежба во државата од ваков вид и единствена од осамостојувањето во која ќе се реализираат воздушни десанти во овој обем, велат од Генералштабот на АРМ за Алсат М.

Акцентот на вежбата ќе се состои од активности во воздушниот простор со изведување на падобрански десанти, но и со активности на терен со учество на повеќе од 4.000 војници од армиите на Македонија, САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Албанија, Грција и Црна Гора.
Пишува: Република.Мк

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Одложена операцијата на Зоки Фаци: Хоспитализиран е, операцијата е сериозна, се чека лекарскиот тим

Одложена е операцијата на шоу-бизнис новинарот, Зоран Василевски-Фаци кој денеска требаше да влезе во операциона сала. Јутуберот Стефан Лазаров, кој е и негов соработик,...

Градоначалникот Пецаков со 80.000 денари донација за Мухамед Максуд.

Средствата во износ од 133 000 денари кои изминатиов период се собраа од хуманитарните паркинзи ги донираме онаму каде што е најпотребно. Дел од овие...

Пејачката Александра Тадиќ си купи гробно место: Споменикот е веќе поставен, со нејзиното име и слика

Пејачката Александра Тадиќ Ципка (32), кон средината на мај, го загуби својот сопруг Небојша Јарин Стојиќевиќ, кој почина на 52-годишна возраст од срцев удар....

Уапсен разбојник во Скопје кој со скалпер се заканувал при кражби

Вчера во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода...