13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаСтојанче: Тие нека си ги чествуваат нивните од УЧК, ние да си...

Стојанче: Тие нека си ги чествуваат нивните од УЧК, ние да си ги чествуваме нашите загинати

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на политичката партија “Достоинство” и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на неговиот Фејсбук профил реагираше на церемонијата за свечено откривање на споменикот на УЧК во Слупчане.

<

Свеченото отворање на 20 метарската спомен кула на УЧК во Липково на кое присуствуваа и Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби, Фатмир Бесими, Бујар Османи и други високи претставници на владата, собранието и на ДУИ, колку и да не му се допаѓа некому, треба да биде пример за Македонскиот државен и политички врв, како треба да се чевствуваат македонските Бранители од 2001-та кои го дадоа својот живот бранејки ја татковината. Чевствување на загинатите но и почит кон ранетите, трауматизираните и сите останати македонски Бранители кои на било кој начин и во било кој обем учествуваа во одбраната на Македонија во 2001 година.

За разлика од овој нов споменик на УЧК кој се наоѓа некаде далеку во Липковско, ние, македонските Бранители од 2001-та, имаме достоинствен и репрезентативен споменик во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина на македонското Собрание и скопскиот плоштад.

Останува уште, на овој наш споменик на Бранителите од 2001-та, да се поклонат и претставници на највисокиот македонски државен и политички врв.
Затоа, повикувам да не се крева непотребна меѓуетничка тензија поради новиот споменик на УЧК бидејки јас, како непосреден учесник во одбраната на Македонија во 2001-та, можам само да им честитам на наследниците на УЧК -ДУИ, за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови.

Тие нека си ги чествуваат нивните, ние да си ги чествуваме нашите загинати а сите заедно да дадеме се’ од себе во Македонија никогаш повеќе да не ни се повтори војна и конечно да завладее целосен меѓуетнички мир.

За крај да потсетам дека во Македонија има безмалку стотина достоинствени споменици, спомен обележја како и значајни објекти кои ги носат имињата на загинатите македонски бранители од 2001-та“, напиша Ангелов на Фејсук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалничката Данела Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето. Град Скопје соопшти, а и Арсовска на профилот на социјалните мрежи објави...

Хрват обвинет за силување овца, кобила и мртва кокошка: Ги признал сите дела

Уште еден маж е обвинет за силување животни во Славонија. Според Нови лист, Општинската канцеларија на државниот обвинител го обвини 43-годишниот невработен градежен работник за...

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....