14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветУапсено 4-годишно дете во Холандија- Го украло автомобилот на неговите родители при...

Уапсено 4-годишно дете во Холандија- Го украло автомобилот на неговите родители при што направило и сообраќајна несреќа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицијата во централниот град Утрехт соопшти дека дете удрило во два паркирани автомобили во саботата, пред да го напушти местото во пижами и боси нозе.

<

Загрижените случајни минувачи повикале полиција откако го забележале како на студ само оди по улица.

Никој не бил повреден за време на неговото бегство, а полицијата на Инстаграм соопштила дека открила „нов Макс Верстапен“.

Полицијата напишала дека детето се разбудило во саботата кога татко му отишол на работа и ги зело клучевите од автомобилот на мајка си „за да се повози“.

Откако полицајците биле повикани да го земат, дошла дојава за напуштено возило во близина, кое изгледало дека удрило во два паркирани автомобили.

Тоа било регистрирано на мајката на момчето, а полицајците ја повикале. Полицијата рекла дека тој имитирал возење и правел гестови за вртење на воланот.

„Тогаш сфативме дека детето можеби е возачот“,

На четиригодишното момче му било дадено топло чоколадо во полициската станица и плишано мече, пред да му го дадат на мајка му.

Заедно отишле на местото на судирите, каде го прашале дали може да покаже како функционира автомобилот.

Детето – опишано од неговата мајка како „снаодливо“ – го отворило автомобилот со клучот, го запалило и го придвижило стапалото кон куплунгот и педалите за гас, соопштила полицијата.

Полицајците апелираат до родителите да ги кријат клучевите од автомобилот од децата.

„Пронајден е нов Макс Верстапен во (предградието на Утрехт) Овервехт“, напишала полицијата во објавата, мислејќи на актуелниот холандски светски шампион во Формула 1.

„За среќа, авантурата на овој мини возач заврши со судар“, додаде полицијата, објави Си-Ен-Ен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...