15.1 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаБиљали: Ако Бугарија стави вето во јуни да се раскине Договорот за...

Биљали: Ако Бугарија стави вето во јуни да се раскине Договорот за добрососедство

Договорот за добрососедство треба да го раскинеме и да нагласиме пред ЕУ дека не се согласуваме со тоа што Унијата ги поддржува непринципиелните барања на нејзината членка ако Бугарија во јуни не го тргне ветото, смета аналитичарот Мерсел Биљали. Според Биљали, во таква ситуација спорот Скопје-Софија ќе стане замрзнат конфликт.

-Ирационално е веќе да продолжат разговорите со Бугарија со овие услови, со овој тон и на овој начин. Нелогично е и натаму да се продолжуваат разговорите после уште една блокада во јуни во Брисел. Овој процес на блокирање трае неколку години и на секои шест месеци има возбуда дали ќе се укине ветото или не, иако самиот почеток на преговореите и онака не значи многу во контекст на целиот процес, кој може да потрае и 20 години. Гледаме дека Србија и Црна Гора преговараат со години и ништо посебно. Барањата на Бугарија се толку апсурдни, толку назадни, што апсолутно нема смисла да се разговара за нив. Но, големото прашање е што е со самата ЕУ и зошто ЕУ и натаму ја поддржува Бугарија? Ако принципите на Бугарија се принципи и на ЕУ, тогаш редно е да ние речеме дека не ни се потребни. Да, звучи екстремно ние сега да речеме дека не сакаме да преговараме со ЕУ под такви околности, но сметам дека со еден таков исчекор од наша страна повеќе ќе направиме добро за себеси отколку ако и натаму продолжиме да разговараме со Софија под истите услови, вели Биљали за „Слободен печат“.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца полицајци ослободиле осуденик зашто немало место во затворот во Битола

Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука. Според...

Македонецот од Пирин ќе ви каже каков проблем имал со Грк поради неговата тетоважа

Во Бугарија се осеќам како Македонец, до сега проблеми сум имал само еднаш и тоа во Грција.. Откако еден грк ми ја виде тетоважата додека...

Велешанец ја бара возрасната ќерка која со своето дете заминала во непознат правец

Марјанчо Малинов, татко на 23-годишната Теодора од Велес, вчера пријавил во СВР Велес дека таа заедно со нејзината двегодишна ќерка се оддалечила од нивниот...

Есенски екскурзии за пензионерите од Битола

Здружението на пензионери-Битола ги известува пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека од 16.09.2024 година до...