22.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија од утре ќе продава масло за јадење во Албанија.

Македонија од утре ќе продава масло за јадење во Албанија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Албанската министерка за финансии, Делина Ибрахимај на заедничката прес-конференција со македонскиот министер Крешник Бектеши изјави дека од утре почнува увозот на сончогледово масло од Македонија, кое претходно главно се увезувало од Украина.

<

-Република Македонија утре ќе донесе важна одлука со која ќе се отвори извозот на сончогледово масло во Албанија, производ кој главно беше увезуван од Украина.

Кај нас се чувствуваше недостиг како и на меѓународните пазари, што е и причината зошто цените се повисоки. Сакам да му се заблагодарам на министерот Бектеши за конструктивните разговори и сакам да гарантирам дека односите меѓу двете земји на полето на трговијата ќе продолжат да бидат многу добри, рече Ибрахимај.

Таа додаде дека ќе продолжи олеснувањето на сите процедури во рамки на Отворен Балкан.

Поради недостиг на масло за јадење во Албанија, чија цена е 3,1 евро, голем број албански граѓани од пограничните региони со Северна Македонија зејтин главно купуваат во Дебар, Струга, Охрид и Ресен. /МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

24 годишна охриѓанка била пронајдена мртва во казино во Скопје, каде што работела !!!

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината...

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...

Втор инцидент за два дена: “Параглајдерист виси на жици во с.Беранци- Битола”

Нов инцидент со параглајдер се случи вчера во селото Беранци, во близина на Битола. Според првичните информации, параглајдеристот завршил заглавен на електрични жици. Засега...