29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонската јавност разочарана: Андреа не се пласираше во финале.

Македонската јавност разочарана: Андреа не се пласираше во финале.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вечерва се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија 2022 на кои се одбраа и преостанатите десет финалисти за големото финале во сабота. Во салата Пала Олимпико во Торино се натпреваруваа 18 песни.

<

На евровизиската сцена настапија претставниците на Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Северна Македонија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

Нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ на Александар Масевски настапи под реден број 11. Како што е познато МРТ вчера ја соопшти одлуката Андреа Коевска да настапи на втората евровизиска вечер, и покрај настанот со фрлањето на македонското знаме, поради кој првично беше најавено дека се разгледува можност за нејзино повлекување. Од МРТ исто така најавија дека се размислува од наредната година Македонија повеќе да не учествува на Евровизија, соопштија од МРТ.

Нашата претставничка Андреа имаше моќен настап со одлична изведба на песната со многу емоции. Настапи самоуверено и беше поздравена го голем аплауз. Интересно е дека нашата екипа седеше веднаш до српската што неколку пати се виде и во текот на преносот.

Настапот на српската претставничка Констракта беше најочекуваниот, не само поради необичната корегографија, туку и поради фактот што за првпат во историјата на Евровизија, латинскиот јазик беше вметнат во песна со друг јазик, со преводот на латински изреки. Публиката ја поддржа со голем аплауз во текот на изведбата на „In corpore sano“.

И претставникот на Сан Марино Ахил имаше нетипичен настап со песната „Стриптизер“ и кореографија во која беше вметнат и бакнежот со гитаристот. Необичен костим имаше и претставникот на Австралија Шелдон Рајли.

Учесниците од првата полуфинална вечер, не гласаа во втората вечер. Сите учесници и финалистите и оние кои не влегоа во финалето, во сабота ќе гласаат и ќе го одлучат победникот. Додека се сумираа гласовите, ги слушнавме и песните кои годинава директно влегуваат во финале, домаќинот Италија, Шпанија, Англија, Германија,

На втората полуфинална вечер гласовите одлучија во финалето да влезат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...