13.9 C
Ohrid
петок, ноември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаФилип Иванов разочаран: На жена што и помагав три години со храна...

Филип Иванов разочаран: На жена што и помагав три години со храна и облека, ме нарече жив Ѓаол.

ЖИВ ЃАВОЛ И АМБАСАДОР НА МИЛОСРДИЕТО

„Вчера напишав, веќе знаете, една светска нецрквена организација ме препознава како амбасадор на милосрдието од Македонија. Ова се луѓе кои не ми должат ништо, кои веројатно направиле илјада пати повеќе од мене за добробит на мнозина по светот, а сепак на ваков непосреден начин ми даваат признание кое ми значи многу, со тоа што ме нарекуваат амбасадор на милосрдие.

Е сега, неколку часа потоа, добив и друга титула – жив ѓавол. Така ме нарече личност која сè до минатиот месец, три години наназад ѝ помагавме неа и на нејзините три деца, секој месец со пакет храна, топли оброци, облека и разни видови на помош во разни моменти. Тоа се случи откако повторно ми побара помош, иако знае дека веќе не е на списокот за пакети храна, а вчера не отиде да се однесе документи во фирмата каде што јас се јавив да „фатам врски“ за да почне да работи и да зема плата.

Ми рече дека сум бил жив ѓавол затоа што сум „ја уценувал да работи“, не сум сакал да ѝ помогнам, замислете…Зошто го пишувам ова? Не ја осудувам личноста, Господ има милост и понатаму за неа. И немој некој да помисли тоа да го прави во коментари на овој пост. Ова го пишувам за секој што сега тргнал или допрва сака да тргне по патот на милосрдието. Ако некој мисли дека тој пат е лесен, не е.

На тој пат има многу труд и работа, голем дел што никој не го гледа, и човек треба да го прави сето тоа како за Господа, не како за луѓе, не очекувајќи ништо за возврат.Е сега, ако човек истрае во тоа нешто, неизбежно е по некое време луѓе да почнат да ги препознаваат плодовите од таа работа, па да ти оддаваат благодарности, признанија и почести. Секако, ова е добро, зашто на секој жив човек му е потребно охрабрување за да продолжи да го прави тоа што го прави.

Но, она што мнозина не го знаат и не го гледаат е тоа дека паралелно со пофалбите човек ќе добива и напади, закани и уцени. Дел од тоа ќе доаѓа он оние што љубоморат и завидуваат, додека тие самите не прават ништо, но, еве го Христовиот парадокс, добар дел од нападите ќе дојдат од луѓе на кои си им помогнал и си им посветил повеќе внимание одошто на други, но и покрај тоа тие одбиле да се променат, да созреат, во христијански жаргон – да се покајат.

И тоа е тоа, човек мора да го прифати ова како дел од крстот што го носи по овој пат, да се моли и да не дозволи да се огорчи кон тие луѓе, да простува редовно, и да не се поколеба па да заборави дека сè што прави, прави за Христос во човекот, не само за човекот.

На крај, сите знаеме дека Господ Исус го распнаа не затоа што не видоа дела и чуда од Него, ги исцели, ослободи и нахрани илјадници и илјадници од нив, ами го распнаа затоа што одбија да се променат и покајат истите оние кои беа сведоци од прва рака… Затоа, охрабрете се, во добро друштво сте. Оттука, ништо не е загубено, од вчера имам уште две титули помеѓу кои можам да бирам, амбасадор на милосрдието или жив ѓавол“, вака напиша Иванов на својот Фејсбук профил.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нова сообраќајна незгода на излезот од Охрид.

Пред два часа се случи нова сообраќајна незгода на излезот кон Охрид. Во собраќајната незгода учестувале патнички автомобил и товарно возило, во истата сообраќајна незгода...

Во атарот на селото Волино пронајдени бронзен шлем, златни прстени, сад за вино од архајскиот период.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се...

Дизелот драстично поскапува, ова се новите цени на горивата

Има поскапувње на ДИЗЕЛ со новите цени на горивата кои стапуваат на сила вечерва на полноќ. Така дизел горивото од утре ќе се продава поскапо...

Исчезнатиот Богољуб Митов пронајден мртов.

Веќе 10 дена се водеше за исчезнат Богољуб Митов (63) од скопската населба Ченто, лице со деменција и депресија. Неговото семејство го пријавило случајот...