27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОхриѓанецот Леонид Тодороски покрај по математика, најдобар и на државниот натпревар по...

Охриѓанецот Леонид Тодороски покрај по математика, најдобар и на државниот натпревар по биологија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вчера во Скопје на Природно-математички факултет се одржа државниот натпревар по биологија. Најдобар од сите ученици беше талентираниот охриѓанец од девето одделение од ОУ „Григор Прличев“ Леонид Тодороски кој ја освои првата награда во силна конкуреција.

<

Инаку исклучително талентираниот Леонид не е најдобар само по биологија. Тој, го освои првото место на 47-от Државен натпревар по математика за основно образование.

Ова е само продолжување на неговите успеси периодов наназад. Минатата година, тој го освои третото место на Балканска математичка Олимпијада во конкуренција на натпреварувачи од 21 држава, откако претходно, во мај 2021 година беше прогласен за државен првак за осмо одделение на државниот натпревар по математика. Леонид работи под менторство на наставникот по математика Александар Ангелевски.

фото: Марина Петроска Тодороска

извор: Охрид 1

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...

Азир Алиу изгласан за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето...

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...