17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаПод мотото сите сме исти, Алекса Петровиќ со инвалидска количка на Охрид...

Под мотото сите сме исти, Алекса Петровиќ со инвалидска количка на Охрид ТрчаТ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Под мотото „сите сме исти“ 29 годишниот Алекса Петровиќ од Јагодина – Србија со својата инвалидска количка учествува на охридскиот маратон „Охрид ТрчаТ“.

<

Неговиот со-тркач Марко, цели 20 км со трчње ја турка количката, рамо до рамо со маратонците и спортистите.

Нивната порака е силна да запре дискриминацијата на инвалидизираните лица, бидејќи и тие заслужуваат да бидат дел во социјалниот живот.

-„Како што кажал Нелсон Мендела спортот ги поврзува луѓето и тука се губи секаков вид дискриминација помеѓу луѓето. Мене ми е многу важно Алекса пред се да почуствува дека тој овде припаѓа и едноставно да има убави спомени. Што велам јас кога ќе ги погледнеме медалите или некоја слика од нашите трки се сеќаваме на секој детал“, вели Марко Гајиќ – спортист.

Алекса сам се пријавил да учествува на охридскиот маратон, бидејќи во Охрид има роднини. Не се плаши од висините и калдрмата во Стариот град, бидејќи досега истрчале многу маратони, освоиле медали и се први во Европа кој учествувале на планинска трка.

„Нашата најдолга трка е 42 километри цел маратон, го истрчавме во Јагодина. Два пати во Сараево тоа е официјално што сме истрчале. Имаме една треил планинска трка тука сме единствени во Европа со лица со инвалидитет“, додава Гајиќ за Охрид Нет.

Видео Охрид Нет- Рилковска Соња

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...