27.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР објави оглас: Се бараат нови 600 полицajци

МВР објави оглас: Се бараат нови 600 полицajци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 120/16, 127/16, 142/16, 190/16 и 21/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19 и 275/19, 110/21 и 89/22) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на Република Македонија” бр. 114/06, 6/09, 145/12, 41/14, 33/15, 31/16, 106/16, 120/16, 21/18 и 64/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.294/21 и 89/22), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец („Службен весник на Република Македонија“ бр.8/15 и 130/16, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.125/22), Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, објавува.
1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен; со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност; да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и да има положено тест за интегритет.

<

3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа: извод од матична книга на родените, диплома за завршено четиригодишно средно образование и две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.
Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.
Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:
При поднесување на пријавата кандидатот го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.
Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.
Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).
За повеќе детали,Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...