20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа два дена зејтинот поскапе за 25 денари, шеќерот за 8, млекото...

За два дена зејтинот поскапе за 25 денари, шеќерот за 8, млекото за 9, оризот за 7

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Граѓаните секојдневно се жалат на поскапување на производите и високи цени во маркетите. Викендов, според Ценометар.мк е забележано е остро поскапување и тоа масло за јадење поскапи од 20 до 25 денари, шеќер од 5 до 8 денари, брашното од 6 до 9, млекото од 6 до 9 денари, оризот од 5 до 7 денари, гравот од 5 до 10 денари.
Исто така, кај многу други, не-основни производи беше забележано зголемување кое е константно. Ваквите инфлаторни притисоци, ќе ја подигнат инфлаторната спирала, и секое зголемување на платите ќе биде попусто.

<

Во маркетите викендов се забележува дека цените на бананите се движат од 65 до 69 денари, лимонот се продава по цена од 79 до 99 денари, цената на јаболката е од 29 до 79 денари, краставиците се од 35 до 45 денари, печурките од 65 до 112 денари, јогуртот од 54 до 68 денари…

До каде ќе се движат цените во нагорна линија, и до кога ќе може просечниот македонски граѓанин да издржи, останува да видиме.

Од почетокот на месецов престанаа да важат владините антикризни мерки воведени во март за ублажување на последиците од енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните. Основните прехрамбени продукти од 1 јуни повеќе не се продаваат со нула проценти ДДВ, а се враќа и ДДВ-то за бензините на 18 проценти.

За првпат еден литар бензин се продава над 100 денари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...