0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаТолку беше од љубовта: Јакимовски ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Толку беше од љубовта: Јакимовски ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

spot_img

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека имало рекет и закани. Според него, сега ќе следуваат навреди и клевети поради одлуката.
Во изминативе седум месеци се потрудив да работиме транспарентно и да ги корегираме политиките кои биле погрешни. Со целосен ресепкт за политиките кои ги носиме да се усогласиме и заедно да делуваме за интересите на граѓаните. За жал целото мое искуство како четврти мандат за градоначалник, очигледно дека не успеваме да се разбереме на соодветен начин и да ја тераме работата. Начинот на работа со опструкции, инат, подметнување, навреди не е соодветен за коалициони партнери. Начинот на работа каде еден ќе деригира на коалиционите партнери или советот на Карпош е несоодветен и ваквиот начин е незапамтен за работата на нашата општина. Максимално сме незадоволни од соработката со ВМР0-ДПМНЕ. Од тие причини сакам да ви соопштам дека на ваков начин со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претеседател не можам да соработувам“, кажа Јакимовски пред советниците.

Тој се обрати и на прес-конференции.

„Се соочуваме со навреди, омаловажување. По 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, морам да соопштам дека таа коалиција не може да опстои во општина Карпош. Јас со моите години, искуство, карактер, не можам да дозволам некој да си поигрува со мене, интересите на граѓаните, советот на Карпош. Затоа јас и Карпош мора да се спротиставиме на инструкциите, на командите од еден центар. Мораме да се спротиставиме на обидите за рекет и закани врз стопанственици од нашата општина. Јас сум градоначалник за сите и имам обврска да ги штитам сите. Ќе продолжиме опозиционо да делуваме и во интерес на граѓаните. Имам поплаки дека се работи кои ние како локална самоуправа сме должни да ги работиме, има индиции дека се обидува луѓето да ги рекетира, дури и закани кон стопанственици, со кажувања дека кога ќе дошле на власт ќе биле затворени и така натаму. Срамота е за некој што не е дојден на власт да се заканува. Сметам дека со реваншизмите треба да престанеме. Сметам дека Обвинителството, судството треба да си ја работат својата работа“, објасни Јакимовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не ги издржа стресот и траумата: Почина возачот на ЈСП Февзи Арифи.

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП, кој во јули со автобус удри во жардењера кај ТЦ „Мавровка“. Арифи остана запаметен во јавноста како возач...

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...