25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Охрид Д-р Кирил Пецаков оствари средба со Aмбасадорот на...

Градоначалникот на Охрид Д-р Кирил Пецаков оствари средба со Aмбасадорот на Република Босна и Херцеговина- Драган Јакимовиќ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес градоначалникот на Општина Охрид Д-р Кирил Пецаков оствари работна средба со Н.Е. Aмбасадорот на Република Босна и Херцеговина во Република Македонија, Драган Јакимовиќ.

<

На средбата се разговараше за статусот на Охрид во УНЕСКО при што градоначалникот укажа дека се работи на надминување на забелешките што претходно беа дадени од националната комисија на организацијата.
Пецаков упати благодарност до амбасадорот за досегашните негови заложби Охрид да не биде тргнат од листата на Светско природно и културно наследство.

На средбата се разговараше за обновување на иницијативата за олеснување на патувањата меѓу двете земји, првенствено преку воспоставување директни авионски линии. Чартер летовите во летниот период би придонесле во зголемување на бројот на босански туристи на охридската ривиера.

Исто така се разговареше и за поголема промоција на Охрид на меѓународен план, како најголем туристички центар во земјава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...