15.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаГраѓаните не го чувствуваат ефектот од замрзнатите маржи

Граѓаните не го чувствуваат ефектот од замрзнатите маржи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За неколку денари поевтини денеска основните прехранбени производи во дел од маркетите.

<

Најголема разлика има кај маслото за јадење – во некои маркети е намалено до 7 денари, но некаде цената е останата иста. Другите основни призводи пак, како лебот, јајцата, брашното се поевтини за 1 до 3 денари.

Граѓаните велат дека не ја чувствуваат разликата во цените, поради постојаното зголемување и намалување на вредноста на производите.

Отакако вчера во поголемиот дел од маркетите не беа намалени цените, по владината одлука да се намалат маржите на 5 и 10%, денеска пазарните инспектори изглегоа на терен во проверка. Заклучокот е дека владината мерка се почитува од страна на трговците.

Од Владата пак велат дека замрзнувањето на маржата на одредени производи веднаш дала резултат, а цените се намалиле за 5 до 10%.

Корекција на цените се прави од денеска, а ќе продолжи и во претстојните денови. Најголемо намалување се очекува кај маслото за јадење и до 10%, кај тестенините, како и на сите останати основни производи опфатени во владината одлука.

Замрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи ќе важи до 30 септември, но од Владата посочуваат дека зависно од состојбата на пазарот, ќе се разгледува можноста одлуката да се продолжи до крајот на годината.
sitel tv

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...