16.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаЗабаваОдлуката е донесена: Евровизија нема да се одржи во Украина поради безбедносни...

Одлуката е донесена: Евровизија нема да се одржи во Украина поради безбедносни причини.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Украина не се исполнети безбедносните услови за подготовка, организација и продукција на Евровизија 2023, а организаторите се во потрага по нова локација. Каде најверојатно ќе се одржи следната Евровизија?!
Иако на годинешната Евровизија победија Украинците Kalush Orchestra со нивната песна Stefania, сепак Европската радиодифузна унија, која е организатор на настанот излезе со соопштение во кое потврди дека следната 2023-та година настанот нема да се одржи во Украина.

<

„Веќе е утврдена традицијата победникот на Евровизија да биде домаќин на настанот следната година и да исполни одредени критериуми за презентација на настанот, но и за безбедноста на сите учесници, вклучително и за публиката“ – стои во соопштението.

Оттаму соопштуваат дека внимателно ја разгледале состојбата и дошле до заклучок дека во моментов во Украина не се исполнети безбедносните услови за подготовка, организација и продукција на натпреварот.

Во преговорите со BBC, Европската радиодифузна унија ќе бара победата на Украина да биде одбележана за време на настанот.

Од BBC велат дека преговорите наскоро треба да започнат и дека засега не може да се даде сигурен одговор дали во 2023-та година Англија ќе биде домаќин на престижниот телевизиски и музички настан.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...