30.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаСпоред францускиот предлог: Ќе се менува името на Самоиловата тврдина во Охрид.

Според францускиот предлог: Ќе се менува името на Самоиловата тврдина во Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарската агенција БГНЕС пренесува дека од работата на Заедничката историска комисија договорено е да се заменат натписите на спомениците на Цар Самоил и да се промени името на Самоиловата тврдина во Охрид.

<

„Комисијата за последните четири години од својата работа констатирала договор за св. Свети Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум и за Цар Самуил. Од нив, во записникот експлицитно е споменат само Цар Самоил, а предвидено е да се заменат натписите на неговите споменици во Република Северна Македонија и конкретно на тврдината во Охрид, согласно формулата договорена од Мешовитата историска комисија. Предвидена е и непосредна измена на учебниците посветени на Цар Самуил во наставната програма за VII одделение на македонските училишта, согласно постигнатата компромисна формула“, објави информативната агенција агенција.

Во документот предложен од францускиот претседател Емануел Макрон за деблокада на евроинтеграциите за Македонија се предвидува историските личности за кои Заедничката историска комисија веќе постигнала компромис да бидат објавени и прифатени за општи прослави со приложен календар за 2022 и 2023 година.Во текстот на протоколот не се вклучени историските теми „Гоце Делчев“, „Илинденско востание“ и „ВМРО“ експлицитно спомнати во Рамковниот став, кои се спорни теми меѓу двете национални историографии.

„Нивното отсуство, како и воопшто на поновата историја, како и некој механизам за постигнување резултати за тоа во историската комисија, е сериозен проблем на целиот документ“, анализира БГНЕС.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...

На граничниот премин Табановце, скопјани се преставиле како дипломати со лажни документи !!

Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од...