5.3 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаУченици и професори од средното училиште ОЕМУЦ-Охрид направија соларно пловило...

Ученици и професори од средното училиште ОЕМУЦ-Охрид направија соларно пловило…

Автомобилската индустрија полека но сигурно се префрла на хибридни или целосно електрични мотори.

Со овој проект за изработка на пловило на соларен погон кој е финасиран од Фондот за иновации и технолошки развој е во рамките на натпреварот „Предизвик за млади истражувачи 4“ докажуваме дека веќе се создадени услови и пловилата да имаат погон на електрични мотори.

Се надеваме дека се ближи денот кога нема да бидеме немилосрдни кон она што го создавала природата милиони години и ни го дала бесплатно на користење и уживање. Ние заедно со едриличарите би сакале да бидеме пионери во употребата на пловила и да уживаме во истите, без притоа да имаме емисија на CO2, испуштање на моторно масло и бензин во водата и да не додаваме децибели на бучавата која го вознемирува живиот свет во водата и уживателите на природата.

имот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ составен од менторите : проф. Ангелоски Сашо и проф. Виолета Никовска и учениците: Евгенија Шулевска, Шефко Асим, Никола Илиоски, Даниел Котоски, Јован Матлиојоски и Христијан Груевски изработија пловило на соларен погон. Нашиот тим од професори и ученици со овој проект ја освоија првата награда на државниот натпревар „Предизвик за млади истражувачи 4“ со што добија парични средства од Фондот за иновации и технолошки развој и успешно го реализираа. Истражувањето и анализите во проектот се потврдија и се докажаа преку реализацијата на истиот односно, се конструира пловен објект кој целосно е на сончева енергија. Без емисија на штетни гасови, без користење на скапи фосилни горива, без создавање на бучава, неограничено и бесплатно, со целосна автономија, пловилото нуди уживање преку цел ден. Во недостиг на доволна сончева светлина, пловилото ја користи енергијата складирана во батериски ќелии.
Се надеваме дека овој проект ќе претставува импулс за развој и употреба на ваков тип на пловила на Охридското Езеро и на сите водени површини во државата. Покрај еколошкиот аспект од користењето на вакви пловила, значаен е и за туристичкиот сектор т.е. има можност да привлече туристи кои бегајќи од урбаните и бучни средини (обично и загадени), ќе уживаат во природните убавини на нашиот Национален парк Галичица и Охридското Езеро како дел од него.

Овој прототип, нормално може да се усовршува и со индустриско производство, целосно да ги истисне бензиските мотори на пловилата.

 


За повеќе детали,Тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...