11.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата во Тетово предупредува: "Не пукајте на свадба, ќе ви дојдеме непоканети"..

Полицијата во Тетово предупредува: “Не пукајте на свадба, ќе ви дојдеме непоканети”..

spot_imgspot_img

Од СВР Тетово појаснуваат дека во наредниве два месеца, (јули и август), на поширокото полошко подрачје закажани се и ќе бидат организирани голем број свадбени и други свечености.
Ваквите свечености минатите години, повеќе или помалку, се карактеризираа со повремени нарушувања на јавниот ред и мир, најчесто со пукање од огнено оружје или неовластено приредување огномети, односно употреба на разновидни пиротехнички средства, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Тој упати апел до граѓаните да се воздржат од пукање со пиштоли или друго огнено оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје.

Неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок, но и да биде кривично дело.

– Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), вели полицискиот портпарол.
За да се избегнат непријатностите и казнувањата, од СВР Тетово потсетуваат дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а нивните организатори навреме да ги спроведат пропишаните превентивни мерки. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

Од полицијата потсетуваат дека нивни службеници ќе бидат зачестено на терен и ќе вршат контроли на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Бигорски манастир се очекува пристигнувањето на благодатниот оган

Благодатниот оган се очекува на полноќ да пристигне во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ кога треба да започне и Велигденската богослужба. Со особена пасхална радост...

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж!

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж! Денес повторно нè осветли божествената слава. Денес ни беше даден дарот на мудроста. Денес уште еднаш...

Со бензин го полил казиното Адмирал во Охрид, па потоа го запалил !!!

Вечерва околу 19 часот избувнал пожар во казино Адмирал лоцирaно во центар во Охрид, кога едно лице го полило со бензин внатрешниит дел на...

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на општина Дебрца, упати јавна благодарност до сите граѓани кои ја поддржаа прфесорката Давкова во првиот круг !!

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на општина Дрбрца, Златко Силјаноски, упати јавна благодарност  до сите граѓани кои ја поддржаа прфесорката Давкова во првиот круг !!