29.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаДоколку одите во Грција бидете внимателни– Мапа со виолетови медузи и како...

Доколку одите во Грција бидете внимателни– Мапа со виолетови медузи и како да постапите ако ве испече…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако оваа година планирате летниот одмор да го поминете во Грција, бидете внимателни кога пливате во морето, бидејќи во поголем дел во близина на плажите на Егејското море се забележани јата опасни виолетови медузи.

<

Оваа појава на зголемена бројка на виолетовите медузи се должи на климатските промени и зголемено ловење на големи риби, а оваа сезона прво се појавиле во Јонското море, од каде морските струи ги однеле во Егејското море.

Грчките медиуми објавија МАПА на која се обележани местата каде се забележани овие виолетови медузи, според која моментално најмногу ги има во делот на Атика, на плажите Глифада, Мегара, Елефсина, Агиос Космас, Анависос, Вулиагмени и Саронида.

Виолетовите медузи се со големина од 6 до 10 см, а ако ве испече оваа медуза болката може да трае и од 1 до 2 недели.

Грчките здравствени служби објавија како да постапите ако ве испече оваа медуза:

На опекотината не ставајте: чиста вода, оцет, алкохол и амонијак!

  • Испеченото место треба веднаш да се измие со триење со морска вода.
  • Ако имате сода бикарбона – премачкајте го местото со раствор од сода бикарбона и морска вода во сооднос 1:1, потоа тријте го местото околу 2 минути, за да се спречи понатамошно ширење на отровот.
  • Со пластичната картичка треба да се иструга остатокот од сода бикарбоната, а доколку има остатоци од пипците на медузата – треба да се извадат со пинцета.
  • На опекотината се препорачува да се стави мраз завиткан во ткаенина и да се држи 5 до 15 минути.
  • Ако болката трае и после 15 минути од нанесување на мразот, потребно е повторно да се стави мраз во траење од 5 до 15 минути.
  • Доколку болката и понатаму не поминува, потребно е веднаш да посетите доктор.
  • Со вас носете и лекови против алегија и крем со кортизон.

Досега не е регистриран случај со фатални последици.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...