17.9 C
Ohrid
петок, август 8, 2025
ПочетнаСветТурција ја повлекува блокадата, Финска и Шведска влегуваат во НАТО

Турција ја повлекува блокадата, Финска и Шведска влегуваат во НАТО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Турција сепак нема да ги блокира Финска и Шведска за влезот во НАТО.

<

Финскиот претседател Саули Ниинисо објави дека лидерите на трите држави потпишале заеднички договор. Меморандумот „потврдува дека на самитот во Мадрид, Турција ќе ја поддржи поканата за членство на Финска и Шведска во НАТО“.

Двете нордиски земји побараа членство во Алијансата по руската инвазија врз Украина, откако претходно со децении опстојуваа на својата неутралност. Но, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го блокираше членството, инсистирајќи дека двете држави прво мора да го сменат ставот кон курдските бунтовнички групи кои Турција ги смета за терористи. Канцеларијата на Ердоган соопшти дека Турција „го добила тоа што го сакала“ пред да дозволи членство на Шведска и Финска.

Двете земји наводно се согласиле „во целост да соработуваат со Турција во борбата против курдската ПКК“ и други милитантни групи. Шведска и Финска се согласиле и да го укинат ембаргото на извоз на оружје за Турција, кое беше наметнато како одговор на турската инвазија врз Сирија во 2019 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

На јавниот повик на Владата во врска со активната мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и...

Се поставуваат камери на автопатот Кичево – Охрид: Ќе следи казна за брзо возење

Од денес, на трасата на автопатот Кичево - Охрид, официјално се поставуваат нови камери за мерење брзина и казнување на прекршители. Камерите се поставуваат на...

Коце Трајаноски за автопатот Кичево Охрид: Ветувањата се за да се исполнат

Ветувањата се за да се исполнат❗️ А, за да ги исполниме треба да работиме со полна пареа❗️ Токму така, со полна пареа, се работи и се...

Погребан Душко Чифлиганец – илјадници луѓе дојдоа да го испратат (ВИДЕО)

Илјадници граѓани, од Скопје, неговото родно Радовиш и Раклиш, од Македонија и од други континети, со тага и болка се простија од младиот визионер,...