27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВучиќ: Сит сум од игрите на ЕУ, ги поддржав браќата Македонци

Вучиќ: Сит сум од игрите на ЕУ, ги поддржав браќата Македонци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето обраќање до јавноста во саботата зборуваше за најактуелните теми кои ја засегаат Србија и нејзините граѓани.

<

Гледам дека денеска во Србија владее голема хистерија против ЕУ. Убаво е кога можеме да гледаме телевизија и понекогаш да пцуеме, но да не заборавиме дека имаме многу пари благодарение на инвестициите и поддршката од ЕУ. Не ми беше лесно во Брисел. За усогласување на Србија според рестриктивните мерки кон Русија директно или индиректно зборуваа 16 претставници на државата. Не е лесно да се слуша и да се трпи, но тоа е нашара работа.

Претседателот на Србија, Вучиќ ги коментираше изјавите дека српската страна не соработува.

– Доста ми е од оние игри што ги играше ЕУ, а кои ги играа луѓе од регионот. Отворениот Балкан е страшно важен. На крајот ги поддржав нашите браќа и пријатели, зборувам пред сѐ за Македонците, кои чекаа одобрение од бугарскиот парламент. Големата вест тој ден од Брисел беше Украина, Балканот не беше во фокусот. Имав едно прашање на кое не можев да добијам одговор од ниту еден европски функционер. Не заборавајте само една работа. Не можете да не принудите да ја смениме преговарачката рамка. Курти сакаше да го смени, па не може. Слушајте, ќе ја препознае Србија, па да не беше смешно, ќе беше жално, вака мора да се смее човек., рече Вучиќ во врска со преговорите на релација Белград- Приштина и иницијативата Отворен Балкан, објави српски Информер.
Infomaks

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...

Азир Алиу изгласан за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето...

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...