14.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица бара протерување на бугарскиот амбасадор и итен прекин на преговорите со...

Левица бара протерување на бугарскиот амбасадор и итен прекин на преговорите со БУГАРИЈА!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Минатата недела сведочевме на бројни понижувања на македонскиот народ и држава. Највисоките претставници на неколку земји од Европската Унија, македонскиот народ и јазик ги нарекоа ‘северномакедонски’. Згора на сѐ, се појави францускиот предлог направен во соработка со министерот Османи, кој интегрирајќи ги сите бугарски барања, ги негираше постоењето на македонската култура, јазик, народ и држава, велат од Политичка партија Левица и додаваат дека за ситуацијата да биде полоша, од Народното Собрание на Република Бугарија одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна. Пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ и негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја.
За реактуелизирањето на големо-бугарската идеја, со која се рехабилитираат фашистички идеи и се загрозува територијалниот интегритет на Македонија, за жал, велат од Политичка партија Левица, не наидуваме на соодветна осуда или протест. Ниту од македонската Влада. Ниту од ЕУ или, пак, т.н. стратешки партнери од НАТО.

<

Сметаме дека ваквиот курс на надворешна политика водена од ДУИ и СДСМ е недозволив

1. Инсистира на итен прекин на преговорите со Бугарија и престан на работата на т.н. историска комисија;

2. Бараме од Македонското МНР бугарскиот амбасадор да биде повикан на сослушување и да му биде врачена протестна, наместо вербална нота, како и прогласување за персона нон грата доколу отворената територијална претензија се констатира;

3. Продолжување на билатералните односи со Бугарија исклучиво во рамките на меѓународните организации каде што имаме еднаков статус како Советот на Европа, ОБСЕ и ООН;

4. Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски“,

5. Бараме во Собранието на Република Македонија веднаш на дневен ред да биде ставена Резолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците, се вели во партиското соопштение до јавноста.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

17 годишник провалил во Онкологија- Обил 18 шкафови !!

Неколку дена по ред масовно се крадело на Клиниката за онкологија каде биле обиени повеќе од 18 шкафови на вработени пренесува „Плусинфо“. Она што...

Алијанса за Албанците го исклучи од партија Мито- директорот на Геријатрија

Алијанса за Албанците одржа состанок на 10 април годинава, на кој го разгледа случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на...

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...