22.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаИндентитетот бетон: Стево Пендаровски за „CNN“ стана северномакедонски претседател

Индентитетот бетон: Стево Пендаровски за „CNN“ стана северномакедонски претседател

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако станавме Северномакедонци со северномакедонски партии, сега добивме и северномакедонски претседател. Барем според Си- Ен- Ен. Така најголемата и најгледана американска телевизија го потпиша македонскиот претседател.

<

Ова уште еднаш покажува колку Македонија загуби со Преспанскиот договор. Иако во него јасно е напишано дека сме Македонци кои говорат македонски јазик, сепак за светот се повеќе стануваме Северномакедонци. Тоа два пати во два дена ни го порача и францускиот претседател Емануел Макрон.

-Ќе продолжиме со тоа, се водат преговори со бугарската и северномакедонската страна со цел да го решиме тој договор во следниве неколку денови и сите се подготвени да се формализира одлуката, би сакал да се заблагодарам на бугарскиот премиер коалиционите партнери и опозицијата кои гласаа тоа да помине, честитки за Северномакедонците, имаат уште работа, но напредокот е сепак значителен, изјави Макрон.

Франција е далеку, па можеби и може да кажеме дека Макрон погрешил два пати во два дена, но неочекувано е Северномакедонци да станеме и за премиерот на соседна држава, поточно оној на Бугарија во оставка, Кирил Петков. Тој наместо македонски партиите тука ги нарече северномакедонски.

-Северномакедонските партии протестирале против францускиот предлог кој е голем успех за бугарската влада. Ако Северна Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Северна Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес, изјави Петков.

Но ова не се единствени случаи. Министерот за надворешни работи мораше да ја објаснува својата преведувачка бидејќи таква била германската терминологија.

Дали има посебна северномакедонска нација, посебна од бугарската и дали постои бугарско малцинство оти тоа би значело оти тоа би значело дека постои посебна северномакедонска нација? Преводот е погрешен, оти таква е германската терминологија, изјави Османи.

Северномакедонци станавме и за поранешниот генерален секретар на НАТО, Лорд Џорџ Питерсон.

-Храбрите и талентирани Северномакедонци, ни порача тој.

Последиците од Преспанскиот договор ги гледаме со години, но она што Министерството за надворешни работи го нарекува грешка, во последниов период зачести. Од МНР реагираа за зборовите на Макрон, но без реакција останаа за зборовите на Кирил Петков.

Матеја Петровски алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...