9.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонијаОбвинителството од медиумите дознало дека Мухамед Зеќири не е во затвор

Обвинителството од медиумите дознало дека Мухамед Зеќири не е во затвор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ниту тоа што еден месец Мухамед Зеќири е стациониран во Инфективната клиника во Скопје, не го промени мислењето на Вишото обвинителство за укинување на ефективниот притвор и одредување на поблага мерка за обезбедување присуство.

<

Според неговите адвокати, состојбата на Зеќири се подобрува, но тој денеска нема да оди на јавната седница во Апелација каде одново се бара тој да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка.

„А1он“ се обидел да добие повеќе детали за здравјето на осомничениот, но од адвокатскиот тим не одговориле на повикот. За тоа време, Вишото обвинителство е децидно дека Заќири треба да остане во затворот.

Предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје по повод изјавената жалба е жалбата да се одбие како неоснована – велат од надлежното обвинителство.

„А1он“ се обратил и до Кривичниот суд за да провери дали тие се известени дека Зеќири еден месец се лекува на Инфективната клиника и поради која причина. Оттаму, три дена нема одговори.

Обвинителката Катерина Коларевиќ од Обвинителството за гонење организиран криминал која го води случајот против осомничениот, исто така нема одговор за дијагнозата поради која Зеќири наместо во затвор, се наоѓа во болница. Таа вели дека од медиумите дознала каде се наоѓа ексгенералниот секретар на Владата.

Предметниот обвинител кој предложи определување на мерка притвор и нејзино продолжување, до овој момент не е известен дека лицето за кое покажувате интерес се наоѓа на друга локација која не еКПУ затвор Скопје што се наожа во Шуто Оризари. Според информации на одредени медиуми, лицето е на лекување на Инфективната клиника во Скопје, но обвинителството нема добиено официјално известување од надлежните органи – велат од ОЈО-ГОКК за „А1он“.

Меѓу причините со кои се бара укинување на ефективниот притвор е тоа што Зеќири тврди дека секогаш соработувал со органите на прогонот, има фамилија, дека ако сакал да бега имал година и половина за тоа, дека не може да влијае на сведоци кои и за скопското Обвинителство се
непознати. За тврдењето на Обвинителството дека Зеќири може да избега бидејќи родителите на неговата сопруга живеат во Германија, осомничениот кажа: „Тие живеат со нас, во Македонија, не
се во Германија“.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за
консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

Повеќе на „А1он“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пингвин е виновен за соборувањето на хеликоптер во Јужна Африка

Јужноафриканските власти соопштија дека хеликоптер се урнал откако пингвин во картонска кутија случајно ги поместил контролите на леталото. Пингвинот бил чуван во картонска кутија и...

Нов проект: ЈПКД Дебрца постигна договор со изведувачот на автопатот Охрид – Кичево, „Синохидро“, за изведба на водовод на 4 траси

ЈПКД Дебрца со нов проект! Со помош на Општина Дебрца и безрезервна ппдршка во целиот период , сакаме да ве известиме дека ЈПКД Дебрца постигна...

17 годишник провалил во Онкологија- Обил 18 шкафови !!

Неколку дена по ред масовно се крадело на Клиниката за онкологија каде биле обиени повеќе од 18 шкафови на вработени пренесува „Плусинфо“. Она што...

Алијанса за Албанците го исклучи од партија Мито- директорот на Геријатрија

Алијанса за Албанците одржа состанок на 10 април годинава, на кој го разгледа случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на...