0.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаСветДедото ја потврдил најлошата вест: Починале 8-годишни близнаци во вчерашната несреќа кај...

Дедото ја потврдил најлошата вест: Починале 8-годишни близнаци во вчерашната несреќа кај Пожаревац

Куќата на семејството Пешиќ од Крагуевац од денеска засекогаш е завиена во црно.

Единствен преживеан во вчерашната стравична несреќа на патот кон Пожаревац, 8-годишно момче, вториот близнак за чиј животи лекарите лавовски се бореле, после загубата на неговиот татко Александар, бабата Станица и неговиот брат близнак денеска починало во болница и покрај сите напори да му го спасат животот и да го зачуваат макар неговиот живот во животот на мајката и дедото Драгутин Пешиќ, потврдено е за Курир.рс од семејството во Крагуевац.

Да потсетиме, таткото Александар не знаејќи дека оди на пат без враќање, со синовите близнаци и мајката тргнал кон Сребреното езеро каде требало да поминат неколку денови одмор. Синовите на Александар живееле кај својата мајка, од која тој се развел пред неколку години, а за летниот распуст требало да бидат кај таткото, објавува Новости.рс

До стравична сообраќајка дошло во саботата во претпладневните часови, некаде после 10 часот, кај местото Михајловац, во близина на патот за Пожаревац. Автомобилот со кој управувал Адем С., од засега непознати причини, удрил во задниот дел на „цитроен“ во кој се наоѓале Пешиќ. Првично било објавено дека Пешиќ бил удрен од Турчин во автомобил со фински регистерски таблички. а утринава е објавена информација дека станува збор за Албанец од Косово со фински регистерски таблички.

-Од силниот удар „цитроенот“ неколку пати се превртел и излетал од патот. Запрел после стотина метри крај патот. На место загинале Александар и неговата мајка Станица, која била на совозачкото седиште – навеле надлежните органи.

Црната вест во попладневните часови стигнала и до Крагуевац. Дедото Драгутин Пешиќ, скршен од болка и преголема тага, почнал да прима сочувство од соседите и пријателите. За него нема зборови за утеха. Јавено му било дека останал без синот, сопругата и внуците. Со тешка мака дал изјава и за медиумите.

-Ве молам не ме прашувајте ништо. За момент останав без најблиските. Каде да одам, што да правам сам, не знам како ми е другиот син, знам дека е повреден – рекол Драгутин.

Александар бил многу поврзан со близнаците, кои тој и сопругата ги добиле после долги години обиди да имаат деца. Неговиот брат починал, а тој живеел со мајка му и татко му Драгутин.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...