8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Со овој предлог Бугарите ќе го прогласат јазикот за нивни дијалект,...

Мицкоски: Со овој предлог Бугарите ќе го прогласат јазикот за нивни дијалект, а ние за македонски

spot_imgspot_img

Новиот француски предлог ги содржи сите бугарски барања – и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и во делот на идентитетот, оцени Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Владата го објави модифицираниот предлог, но истиот се уште е недостапен за јавноста, затоа што веб-страницата е падната.

Според претседателот на најголемата опозициска партија, прифаќањето на предлогот подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а децата ќе учат според бугарскиот диктат.

– Еве ја суштината. Секоја држава започнала преговори со меѓувладина конференција. Сега ние ќе имаме два поделени процеси кои ќе значат старт на преговори. Првиот дел е фото сесија. Вториот дел е суштината и промената на Уставот за вклучување на бугарите. За време на фотосесијата треба да се депонираат еднострани изјави за јазикот. Бугарите ќе напишат дека македонскиот е дијалект на бугарскиот. Нашата страна ќе го напише македонскиот јазик. И ова не е некоја победа бидејќи подоцна јазикот е дел од протоколот кој сега во новиот документ се вика годишни извештаи. Во нив се следува спроведувањето на членот 12 од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија потпишан од Заев-Бојко, кој ги содржи барањата на Бугарија за јазикот, историјата и идентитетот. Вториот документ е суштината каде следува промена на Уставот со влез на бугарите во него. Ова значи дека сѐ додека не се исполнат сите бугарски барања, нема Европска Унија. Ваков ултиматум за Македонија? Не благодарам – рече Мицкоски.

Оваа рамка, според Мицкоски, значи или во ЕУ бугаризирани, или секогаш да останеме надвор од ЕУ.

– Јас ултиматуми по цена на достоинството на народот не прифаќам и нема никогаш да се согласам на тоа. И затоа велам треба да бидеме гласни. Имаше иницијатива за протести и ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на таа иницијатива и повикувам на народен протест утре во 19 часот пред Владата на РМ, додаде тој.
Faktor.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...