16.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаРама ни љубомори- Ех да може Бујар Османи да биде во мојата...

Рама ни љубомори- Ех да може Бујар Османи да биде во мојата влада….

spot_imgspot_img

Би било добро доколку би можел Бујар Османи да биде во Владата на Република Албанија, изјави денеска албанскиот премиер на прес-конференција на која тој зборувал за учеството на Самитот на НАТО во Мадрид, каде бил во чест контакт со македонската делегација, со министерот Османи и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Бевме во постојан контакт, континуирано разменувавме мислења за динамиката на евро – процесот, а во центарот на процесот беше личност за која би бил многу среќен доколку имаме можност да го имаме на располагање во владата на Албанија. Бујар Османи! Тој е супер! Бујар беше личноста која го водеше процесот од страната на Северна Македонија.Јас само помогнав колку што можев“, изјави премиерот Рама.

Албанскиот премиер во изминатиот период даваше интересни изјави, дојде и во конфликт со бугарското МНР кое му забележа за „неговиот речник“ кога за Софија се прелеала чашата заради неговата досетка „Источна Македонија“.

Денеска Рама ѝ порача на Македонија дека бугарското однесување не било европско, но дека последниот предлог е добар и дека треба да се прифати.

Албанија и Македонија се во пакет за добивање на датум за преговори со ЕУ, а поради бугарското вето за Македонија со години е запрено и напредувањето на Албанија во евроинтегративниот процес.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние,...

Велигденски хуманитарен базар во Охрид!

Велигденски хуманитарен базар во Охрид! На плоштадот Крушевска Република, денес, се одржа Велигденски базар, кој имаше хуманитарен карактер. Манифестацијата беше збогатена со културно забавна програма...

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае како ДУИ пресметале дека се претставници на немакедонското население во Македонија и дека мора да бидат дел...

Разбојништво во струшкото село Враништа !!

На 29.04.2024 во 21.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во спортска обложувалница во селото Враништа, струшко, едно лице со остар предмет...