11.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДиви копачи барале злато при што ја оштетиле водоводната цевка во Башино...

Диви копачи барале злато при што ја оштетиле водоводната цевка во Башино Село.

spot_imgspot_img

Диви копачи ја оштетиле водоводната цевка во Башино Село додека барале скриено богатство и ги оставиле мештаните без вода повеќе часа. Тие се изненадени од дрскоста на сторителите, кои на пладне со ангажирана механизација го барале богатството.

Двајцата диви копачи некаде нашле мапа дека тука има старо злато. Среде ден копаа, и тоа со багер. За да се маскираат, носеа маички и беџови како да се вработени во велешкото комунално претпријатие. Притоа ја скршија главната водоводна цевка и повеќе часа немавме вода за пиење. Кога го прашавме багеристот што работат, тој побегна во една куќа. Тогаш ни стана сомнително и пријавивме во полиција. Тие дојдоа и ги уапсија“, вели жител на Башино Село.

Од ЈКП „Дервен“ информираа дека тие во посочениот период не вршеле никаква активност на водоводот во селото.

„Во четвртокот наши екипи не беа во Башино Село заради интервенции, оти водоводот не е под ЈКП ‘Дервен‘. Подоцна, кога се скршила цевката, побарана е интервенција и наши вработени работеа на санирањето“, кажаа од ЈКП „Дервен“.

Од велешката полиција потврдија дека имало пријава за уништување на јавна инсталација, по што заминале за Башино Село, каде уапсиле две лица.

„На 30 јуни во Башино Село, Велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С. И. (46) од село Бузалково, Велешко и М. Ј. (35) од Велес. Тие биле затекнати со багер при ископ на земја на улицата Браќа Петковиќ, со што предизвикале оштетување на водоводна инсталација и настанал прекин во снабдувањето со вода за целото село. Лицата се приведени во полициска станица“, соопштија од СВР Велес.
За повеќе детали,Тука Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...